Фудбал

Проблеми за Барса, Дембеле во аут 5 недели

20. август 2019 - 12:24 | Ф.З.

Усман Дембеле поради повреда на мускулот ќе го пропушти остатокот од стартот на новата сезона во Ла Лига, вест што му зададе нови главоболки на тренерот Валверде.

По Лео Меси и  Луис Суарес, на листата повредени напаѓачи се најде и Французинот Усман Дембеле кој пак никако да куртули од повреди. Откако дојде во Барса летото 2017 ова му е шеста повреда поради која нема да може да игра.

Дембеле повторно истегна мускул и тоа за време натпреварот во Билбао против Атлетик кој Барса го загуби минимално. Токму на истиот натпревар се повреди и Суарес. Лекарските прегледи покажаа дека повредата не е наивна па Усман ќе мора да одмара до крајот на септември.

За натпреварот в недела дома против Бетис тренерот Ернесто Валверде во нападот ги има на располагање само Антоан Гризман и младиот Карлес Перес

Коментирај