Новата Opel Astra ја освои наградата за Европски автомобил на годината за 2016 и успеа да ги победи конкурентите како Volvo XC90 и Jaguar XE. На церемонијата во Женева, непосредно пред стартот на автомобилскиот саем, жирито го прогласи германскиот автомобил за победник, со 309 поени, додека второпласираниот модел Volvo XC90 освои 294 поени.
Останатите финалисти беа Mazda MX-5 (202 поени), Audi A4 (189 поени), Jaguar XE (163 поени), Skoda Superb (147 поени) и BMW 7 Series (143 поени), пишува Autocar магазинот кој е еден од спонзорите на настанот.
Жирито е составено од 58 автомобилски новинари од 22 европски држави. Секој од нив има по 25 поени за да ги распредели на седумте финалисти, но не смее да се доделуваат повеќе од 10 поени на автомобил, не смее да имаат автомобил што го дели првото место и мора да дадат поени на барем пет од автомобилите.