Пролетната алергија го мачи секој трет човек – кои методи помагаат?

Во пролетните и летните месеци сè повеќе луѓе се жалаат на кивање, затнат нос и течење на носот, печење, чешање и насолзени очи и чувство на притисок во синусите.

Причината за овие симптоми во пролетта се најчесто поленовите зрна, кои ги произведуваат и ослободуваат растенијата во фазата на опрашување.

Постојат неколку природни и старомодни начини за ублажување на симптомите предизвикани од алергии. Еден од нив е проверената инхалација со билки. Инхалирањето на даровите кои доаѓаат директно од природата е патот до прочистени синуси и бронхии.

Прва и основна помош за вакви здравствени проблеми е инхалирањето на пареа. Ако пареата се комбинира со некое есенцијално масло, патот до прочистените синуси е загарантиран. Освен што ги чистат дишните патишта, есенцијалните масла во пареата имаат и антибактериско и антиалергиско дејство.

Тие се многу корисни и толку добро ги ублажуваат симптомите на синузитис што луѓето чувствуваат олеснување по првото вдишување.

Молекулите на овие моќни масла продираат длабоко во мукозната мембрана на носот и ја разбиваат слузта, а со тоа го олеснуваат дишењето и штитат од инфекции.

Како да правите инхалации?

Постапката за подготовка на течност за инхалирање е исклучително едноставна. Потребни се само 2 до 4 децилитри вода, која треба да се загрее до точка на вриење. Истурете 3 до 4 капки есенцијално масло во водата, по можност жалфија, еукалиптус, нане или чајно дрво.

Следниот чекор е да го ставите лицето над пареата и да ја покриете главата со крпа. Вдишувајте ја пареата колку што е можно повеќе пати додека не се излади. Само треба да внимавате да не ставате повеќе масло од потребното, бидејќи во тој случај вдишувањето може да биде непријатно, бидејќи ќе почувствувате непријатно чувство на печење во носот.

Ѓумбирот е растение кое е надалеку познато по многуте лековити својства. Од него може да се направи одличен чај, кој може да ги ублажи и симптомите на синузитис. Во зовриената вода ставете малку изрендан ѓумбир и оставете го покриен следниот час откако ќе зоврие. Вака подготвен чај може да се пие и да се инхалира.

Зачинетиот вкус и лутиот мирис на ѓумбирот целосно ќе го исчистат респираторниот тракт. Многу е ефикасен при затнат нос, бидејќи има моќ да го промовира разградувањето и лачењето на слуз.

Босилекот е исто така билка за која уште од древни времиња е познато дека е добра за разни здравствени заболувања. Самиот босилек содржи одредена количина есенцијално масло, па затоа е одличен избор за инхалации особено наменети за лекување на болни синуси. Ова добро познато лековито растение ќе ви помогне да се справите со носната болка предизвикана од синузитис.

Со оглед на големиот ефект врз синусите, сувата и постојана кашлица автоматски ќе се намали доколку редовно се практикуваат инхалации.

За инхалации со босилек, потребни ви се само 2 лажици босилек кои треба да ги ставите во литар врела вода. Понатамошната постапка е иста како во споменатите примери. Потребно е да се вдишува пареата од подготвената смеса за инхалации и да се обидете да останете што подолго над пареата, за што повеќе да се прочистат носните патишта. Можете да користите и есенцијално масло од босилек.

Босилекот може да се користи и во комбинација со нане и камилица, кои се подеднакво добри и лековити. Оваа тројка секогаш се покажува победничка во борбата против кашлицата, која е предизвикана од настинки и бронхитис. Комбинацијата на овие три растенија, кои во целиот свет се познати како едни од најдобрите природни лекови, ќе има антибактериско дејство и на човечкото тело.

Со инхалирање на овие дарови на природата, слузта во синусите и белите дробови целосно ќе се разложи, а босилекот, нането и камилицата исто така ќе бидат одговорни за побрзо и поефикасно искашлување.

Нането и камилицата се познати по нивното смирувачко дејство, а ќе обезбедат релаксирачки третман за респираторниот тракт.

Треба да подготвите 2 кесички чај од камилица, 5 кесички нане и едно гранче босилек. Овие три состојки се додаваат во 1 литар зовриена вода и може да започнте со инхалации. Ставете крпа над главата и обидете се да ја вдишите пареата што доаѓа од садот колку што е можно повеќе.

Пареата се вдишува бавно и треба да внимавате да не го затворите целосно протокот на воздух со крпата за да се избегне можноста од изгореници. Овие три намирници најдобро се комбинираат навечер, пред спиење. Оваа смеса може да се стави во просторијата каде спијат децата, за да ги вдишуваат испарувањата.

Морската сол е позната како народен лек, особено кога станува збор за респираторниот тракт. Доволно е на половина литар вода да ставите само една мала лажица морска сол и да ја инхалирате на пареа. Постапката е иста како и кај другите инхалации, при што треба да се покрие главата и постојано да се вдишува пареата од мешавината на морската сол и водата.

Со вакви инхалации се постигнува силен и траен ефект, бидејќи морската сол ќе ги исчисти сите бактерии и други негативни влијанија од респираторниот тракт, а органите за дишење ќе се смират и ќе работат нормално.

Ова ќе им помогне многу на луѓето кои ја иритирале и оштетиле слузокожата на носот поради настинки, синузитис или бронхитис.

Повеќето луѓе имаат оригано во својата кујна, а немаат поим дека може да им биде од голема помош доколку страдаат од алергии. Инхалациите со оригано се ефикасни за течење на носот, како и за назална конгестија предизвикана од алергии. Оваа храна содржи природни антихистаминици, кои се одговорни за ослободување на хистамин. Има силен мирис, а доколку не се користи етерично масло од оригано, доволно е само малку од оваа сува материја.

Количината што не треба да се надмине е на врвот на мала кафена лажичка. И секако ќе биде потребно 1 л вода. Откако водата ќе зоврие, во неа се додава оригано и може да започне вдишувањето. Вдишете нежно и полека и не се приближувајте премногу, бидејќи мирисот е навистина силен и може да биде многу непријатен.

Ориганото може да се користи и на друг начин. Ставете капка есенцијално масло на прстот и потоа втријте го на јазикот.

Ова масло воопшто не треба да се голта, туку само вдишете ги испарувањата од ориганото и издишете преку нос. По неколку вдишувања и издишувања на овој начин, маслото може да се проголта заедно со плунката. Во такви случаи, може да дојде до солзење, бидејќи ориганото е многу силно.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе