Денеска времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме.
На некои места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Се очекува да наврнат над 50л/м2 воден талог.
Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 12 и 19 Целзиусови степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, но со послаб интензитет.