Промоција на стихозбирката „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова

 

Во кафе-книжарница „Буква“, вечер од 20 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова.

– Истовремено исполнета со љубов и страв од неизвесност, погодена од реални проблеми и притисоци под кои сите сме натиснати: живот во пандемија, под влијание на пропаганди и општа хистерија, притисоци што повторно ја будат бунтовничката во Ана, онаа што единствено може да живее од и за слободата, вели за стихозбирката, македонската поетеса Снежана Стојчевска.

Ана Голејшка Џикова (Скопје, 1987) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Автор е на стихозбирките: „Љубов на улица“ (2013, Култура) и „ Напишан дом“ (2018, Антолог); на сликовниците за деца: „Веселата зграда“ (2019, Арс Ламина) со илустраторот Драган Китановски-Драш, „Лисичката плетачка“ (2020, Арт и арт студио Батев) и „Лепчето што расте“ (2020, Арт и арт студио Батев), обете со илустраторката Иванка НиБа.

Нејзините песни се препеани на српски, на турски, на германски и на англиски јазик. Песните и кусите раскази се објавени во неколку антологии, а редовно објавува и во периодиката.

Учествувала на бројни поетски читања и фестивали во земјата и во странство. Со поетот Ѓоко Здравески ги основаа и ги водеа книжевните читања „Астални проекции“ во Скопје и коавтори се на монографијата „Астални проекции“ (2018, Бегемот).

Голејшка е член на организацискиот одбор на „Скопски поетски фестивал“ и член е на ВИС „Тркалезна маса“ од Скопје.

Промотор на стихозбирката ќе биде Снежана Стојчевска, модератор Јулијана Величковска, додека за музиката ќе се погрижи дел од ВИС „Тркалезна маса“.

Изданието е поддржано од Министерството за култура. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе