Во близина на Демир Капија пронајдени се 22 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Приведено е едно лице од Арачиново, а неговото возило е одземено.
На 10.08.2019 околу 15:00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ и ПС за граничен надзор „Михајлово“ во близина на Демир Капија, кај месноста викана „Острово“ пронашле 22 лица мигранти (20 од Пакистан и 2 од Бангладеш).
Во врска со случајот, приведен е А.Љ. од Арачиново и одземено е возилото „Aуди A-6“ со скопски регистарски ознаки.
Се работи на расчистување на случајот.