Прв тизер трејлер за новата серија „Beverly Hills 90210“

Стигна првиот тизер трејлер за римејкот на популарната серија „Beverly Hills 90210“ и според првичните реакции, екипата уште го има стариот шарм и хемија.

Поминаа многу години откако возбудено ја чекавме новата епизода на ТВ-серијата „Beverly Hills 90210“ секој петок, за да видиме што се случува со нашите омилени ликови од елитната населба Беверли Хилс.

Сеќавањата за серијата и 90-тите повторно се разбудија со смртта на Лук Пери, актерот кој го играше ликот на проблематичниот Дилан Мекеј. Актерот почина годинава на 52 години од мозочен удар.

19 години откако прекина симањето на оригиналната ТВ-серија што ги кршеше табуата за тоа време со обработување на теми како зависност од дрога и алкохол, развод, депресија, криминал, абортус и други чувствителни теми, оригиналната актерска постава повторно се собра, видно искористувајќи ја ретро носталгијата по 90-тите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Band photos #bh90210

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

 

Бренда (Шенон Доерти), Дона (Тори Спелинг), Кели (Џени Гарт), Брендон (Џејсон Пресли), Стив (Ијан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриела Картерис) се дел од новата приказна во која, како што соопштуваат од Fox, епизодите ќе бидат инспирирани од животот на самите актери.

Првата епизода ќе се емитува на 7 август, па ни останува многу време за шпекулации колку време ќе ѝ треба на Шенон Доерти да си замине поради „креативни несогласувања“ и на нејзино место да дојде Тифани Амбер Тисен.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе