Доналд Трамп ја објави својата прва претседателска порака на YouTube, а во краткото видео идниот претседател на САД најави што ќе работи во иднина со неговиот тим и објави дека е подготвен повторно да ја направи Америка голема.
Трамп овој пат не го избра Twitter за да објави порака, туку тоа го направи преку видеото на YouTube.
Републиканскиот кандидат се уште не најави кој ќе биде дел од неговиот кабинет, но изјави дека ќе бидат вистински големи и талентирани мажи и жени.
Според него, принципот на работа ќе биде ставање на Америка на прво место во дневниот ред.
„Кога станува збор за денот број 1, се надевам дека ќе успееме да ги обновиме нашите закони и да ја вратиме нашата работа. Крајно време е за отворање на нови работни места“ - нагласи Трамп.
Идниот претседател на САД, најави и дека во следниот период ќе објавува слични видеа преку својот YouTube канал.