Први фотографии од VW Amarok за 2017 година

Volkswagen ги објави првите фотографии и технички детали за освежениот пикап модел Amarok, Кој во салоните треба да се појави кон крајот на септември. VW Amarok се појави на пазарот во 2010 година, па редизајнот беше неопходен за возилото да остане конкурентно до појавата на втората генерација.

Кај освежениот модел, има мали разлики кај предниот и задниот браник, светлосните групи и маската на ладилникот, а во понудата се најдоа и нови алу-фелни.

Промените во кабината се позабележителни, па командната табла повеќе потсетува на внатрешноста на актуелните патнички автомобили на брендот, отколку на комерцијално возило. Екранот на мултимедијалниот систем е подигнат на врвот на централната конзола, а отворите за вентилација сега имаат поинаква форма.

Изменети се и дизајнот на контролите за климата, а купувачите ќе можат да добијат и ergoComfort предни седишта што VW досега ги користеше само во патничките возила.

Една интересна новина е и елегантниот внатрешен ретровизор без рамка, а во понудата на освежениот модел ќе биде и Park Pilot системот кој ги комбинира задните паркинг сензори со камера за уште полесно паркирање.

Најголемата новост сепак е воведувањето на 3.0 литарскиот V6 турбо-дизел мотор кој е достапен во верзиите со 163 коњски сили, со 204 како и со 224 коњи. Најсилната верзија, развива максимален вртежен момент од 550Nm што е многу подобро во однос на претходниот најсилен 2.0 би-турбо мотор со 180 коњи.

Основната верзија ќе има заден погон, а ќе биде достапна и 4motion верзијата со погон на сите четири тркала.

Најевтината верзија ќе чини 25.720 евра, додека во врвот на понудата ќе биде моделот Amarok Aventura со моќниот V6 турбо-дизел мотор, погон на сите четири тркала и автоматски менувач со 8 брзини, кој ќе чини 46.525 евра.

 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе