Првиот работен ден на Трамп одбележан со масовни протести на жените

Неколку стотици илјади жени протестираа во неколку американски градови, откако претходно такви се одржаа во европските градови и во Австралија и Нов Зеланд, против новиот американски претседател Доналд Трамп.

Стотици илјади жени маршираа низ центарот на Вашингтон, повеќето како и Европејките носејќи розови капи, но и на улиците во Њујорк, Лос Анџелес,Чикаго, Бостон и други американски градови.

Руската агенција РИА јави дека мноштвото народ целосно ја блокирало три километри долгата Национална алеја на што се наоѓаат Белата куќа и Капитол, како и Индепендент авенијата по која требаше да се одвива маршот.

На протестот по инаугурацијата на Доналд Трамп во Чикаго, исто така, дошле многу повеќе луѓе од планираното, и не било возможно да се одржи маршот, бидејќи планираната рута била окупирана од толпата, според организаторите. Полицијата објави дека имало 125.000 луѓе.

Засега протестите укажуваат колку всушност Соединетите држави се поделено општество, кое не  закрепнато од речиси двегодишните расни протести и мачната кампања за изборите од 2016 година.

Оние кои протестираат против Трамп велат дека се вознемирени од она што „тој има намера да го направи“, а некои велат дека атмосферата ги потсетува на 60-тите години од минатиот век кога во американските градови се протестираше за женските и граѓанските права.

Иако Републиканската партија на Трамп има целосна контрола на Белата куќа и во двата дома на Конгресот, дел од американското општество блиско на демократите, левите и граѓанските активисти се одлучи за жестоки протести против него во периодот на транзицијата и првите денови од преземањето на власта, што вообичаено период на „меден месец“ меѓу новиот претседател и јавноста. А анкетите покажуваа дека Трамп е најнепопуларниот од своите претходници пред преземањето на мандатот.

Меѓутоа, тој остана доследен и веднаш по влегувањето во Белата куќа,го потпиша указот против законот за здравственото осигурување што го донесе неговиот претходник Барак Обама. Со тоа навести дека ќе биде истраен во своите остварувањето на своите ветувања во кампањата.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе