Реал Мадрид се врати на врвот – пак е најскап клуб на светот

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се врати на престолот, односно на врвот на листата 20 најбогати фудбалски клубови на светот што ја составува Deloitte.

Реал го надмина Манчестер Јунајтед благодарение на рекордните приходи од 750,9 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ паднаа на трето место, а второто место го зазеде Барселона, со што за прв пат по сезоната 2014/15 два шпански клуба се на првото и второто место.

Вкупните приходи на 20-те најбогати клубови на светот пораснаа за 6% на 8,5 милијарди евра во сезоната 2017/2018 година, што е нов рекорд.

Во топ 10 се наоѓаат дури шест англиски клубови, што исто така е нов рекорд.

Разликата меѓу двата водечки клубови изнесува 60.5 милиони евра и е најголема досега.

Реал Мадрид трет пат со ред ја освои Лигата на шампиони совладувајќи го Ливерпул со резултат од 3:1 во Киев во мај минатата година. Тоа му помогна на „кралскиот клуб“ да се пробие на првото место на листата што ја има предводено 12 пати.

Топ 10 листата на најбогати клубови на светот изгледа вака:

1. Реал Мадрид 750,9 милиони евра

2. Барселона 690,4 милиони евра

3. Манчестер Јунајтед 666 милиони евра

4. Баерн Минхен 629,2 милиони евра

5. Манчестер Сити 568,4 милиони евра

6. Пари Сен Жермен 541,7 милиони евра

7. Ливерпул 513,7 милиони евра

8. Челзи 505,7 милиони евра

9. Арсенал 439,2 милиони евра

10. Тотенхем 428,3 милиони евра.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе