Рекорд: Според документите, Индиец има 123 години и еден месец

Њу Делхи, 9 октомври 2019 (МИА) – Индиецот Свами Сивананда неодамна се појави на аеродромот Калкута и со својот пасош ги изненади вработените таму. Имено, во документите се наведува дека човекот е роден на 8 август 1896 година, односно сега има 123 години, што го прави највозрасниот човек во историјата.

Сивананда е израснат во семејство на индиски духовен учител. Тврди дека неговата длабока старост се должи на јогата, целибатот и храната без зачини.

Тој се појавил на аеродромот со намера да отпатува од Индија за Велика Британија. Но, податоците го привлекле вниманието на пасошката контрола, тие ја провериле исправноста на патниот документ и утврдиле дека тој е потполно функционален, но се појавил и сомнеж дека можеби податоците не се точни.

Сивананда им објаснил дека неговите биолошки родители го напуштиле кратко по раѓањето, грижата за него ја презел друг, па неговите податоци околу датумот на раѓање се впишани потоа.

Доколку пак, неговите податоци се точни – тој би бил најстариот човек во светот. Засега таа титула ја држи Французинката Жан Калман која почина 1997 година кога имаше 122 години и 164 дена.

Претставници на Гинисовата книга на светски рекорди го разгледуваат случајот и истакнаа дека докажувањето на староста на човекот, нема да биде едноставно.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе