Гејминг
СЕРИЈА А 2019/20

Рибери не може да се препознае на FIFA 20, PES2020 му се додворува

18. октомври 2019 - 8:49 | Ф.З.

Графиката со која EA Sports го направила Франк Рибери на новата FIFA 20 е очајна, па самиот играч јавно се пожали.

Французинот седнал да поигра FIFA 20 со неговите деца, но она што го видел го запрепaстило. Играчот со број 7 во Фиорентина на грбот носи Ribery, но на изглед воопшто не личи на него.

Се пожали на Twitter пишувајќи: „Неодамна играв FIFA 20 со моите деца. Еј EA Sports... Кој е човеков?“

Намирисувајќи шанса за добра промоција, ривалите од PES го искористија моментот да се пофалат дека нивниот Рибери е речиси идентичен како вистинскиот.

„Еј Франк! Знаеш ли кој е овој?“

Причината за тоа не е неспособноста на луѓето во EA Sports туку фактот што PES ги има правата за Серија А па затоа EA Sports мора да ги деформира ликовите на играчите од калчото.

Коментирај