Робињо: Расистичка Италија ме осуди за силување

Макфакс/Кајгана
/ 19.03.2024 / 11:27

Робињо (40) е осуден во Италија на 9 години затвор за групно силување на девојка која го прославувала својот 23. роденден во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Тогаш беше напаѓач на Милан и бразилската репрезентација.

Бразилскиот суд му забрани да го напушти Бразил додека не одлучи дали може во неговата татковина да ја отслужи деветгодишната казна за силување, изречена од италијанскиот суд.

Трофејниот напаѓач, поранешен фудбалер на Сантус, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, тврди дека е невин и дека целиот процес би изгледал поинаку доколку бојата на неговата кожа била поинаква. Одлуката дали ќе мора да оди во затвор треба да биде донесена во среда.

„Во Италија неправедно ме обвинуваат за нешто што не сум го направил и имам сѐ што ми треба за да го докажам тоа. Играв во Италија четири години и уморен сум од расизмот. Не се сомневам дека процесот против мене ќе беше поинаков ако бев белец“, рече тој.

Минатата година бразилскиот портал UOL објави аудио снимки од 2014 година на кои Робињо разговара со пријателите за силувањето на девојката.

„Ќе ја удриме по лице. Ќе ја удриш и ќе кажеш: Што ти направив?“, рекол Робињо, што може да се слушне на видеото. Бразилецот тврди дека не учествувал во силувањето.

Во видеото, Робињо раскажува како го напуштил ноќниот клуб откако имал секс со девојката, додека неговите пријатели останале со неа. Тој бил загрижен што ќе се случи со него доколку инцидентот излезе во јавноста.

„Ако ова заврши во медиумите, ќе бидам уништен“, вели Робињо во видеото, пренесуваат бразилските медиуми. Во друг момент вели: „Таа беше пијана, не знае ни кој сум јас, ништо нема да се случи“.

Робињо поднесе жалба до неколку судови, но италијанскиот Врховен суд ја потврди деветгодишната казна, по што италијанските обвинители распишаа меѓународна потерница. Но, Бразил не ги екстрадира своите граѓани, па Италија побара Робињо да ја отслужи казната во Бразил.

Коментарот на Робињо доаѓа откако фудбалерот на Интер, мирниот Франческо Ачерби, беше обвинет од Бразилецот Жуан Жезус дека расно го навредил за време на дуелот Интер - Наполи во неделата. Ачерби ги отфрли таквите тврдења и дури и телефонски разговараше со дефанзивецот на Наполи. Сепак, тој беше отстранет од репрезентацијата на Италија за мартовските пријателски, а Лега Калчо најави истрага за случајот.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Фудбал

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more
 

Спорт

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе