Русија: Пронајдена црната кутија на паднатиот авион

Црната кутија на рускиот воен авион кој се сруши во Црното море е пронајдена, објави BBC. Руската агенција TASS објави дека полицијата ја пронашла црната кутија на воениот авион во кој настрадаа 92 патници и членови на екипажот.

„Уредот за снимање на податоците за летот е изваден од водата. Авионот со црната кутија наскоро ќе тргне кон Москва, а експертите од Министерството за одбрана треба да го почнат процесот на дешифрирање на податоците“ - велат руските извори.

Црната кутија е пронајдена на околу 1,6 километри од брегот, на длабочина од 17 метри.

Според првичните сознанија, капетанот на рускиот авион Tu-154, се обидел да го слета авионот во Црното море, но за жал не успеал во тоа.

Деловите од авионот се расфрлани по морското дно во радиус од 500 метри, а нуркачите ќе мораат да го пронајдат и контролниот механизам од авионот.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека истрагата за падот на патничкиот авион оди во четири правци, но дека нема докази за терористички напад или саботажа.

„Четирите главни верзии се дека авионот бил погоден од некаков објект, дека неквалитетното гориво предизвикално губење на притисокот и на крајот прекинување на работата на моторите, дека пилотот направил некаква грешка или пак дека авионот имал некаков технички проблем“ - вели ФСБ во соопштението.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе