Русите, по мобилизацијата, купуваат книги за нацистичка Германија

Русите сѐ повеќе купуваат книги за нацистичка Германија и Втората светска војна откако претседателот Владимир Путин нареди делумна мобилизација на цивилните резервисти за војната во Украина.

Продажбата на книги за Втората светска војна порасна за 20% и покрај вкупниот пад на продажба на книги ширум Русија, пишува Комерсант, повикувајќи се на податоци од водечки книжарници и издавачки куќи.

„Луѓето се обидуваат да бараат каде можат да најдат убедлива метафора или алегорија која ќе им овозможи да сфатат нешто за денешното време“, вели книжевната критичарка Галина Јузефович.

Продажбата на книгата „Германска војна: Нација под оружје, 1939-1945“ на Николас Старгард, која истражува како германските граѓани ги доживувале воените настани, петпати порасна откако најавата за мобилизација на 21 септември.

Интернет книжарницата Литара пријави 17 пати зголемена продажба на книгата.

Издавачката куќа Алпина соопшти дека е забележано зголемување на продажбата на книгата „Да за животот: И покрај сѐ“ од Виктор Франкл за 40%. Станува збор за книга кога ја опишува психологијата на престој во концентрационен логор. Виктор Франкл е еврејски психијатар од Виена кој во 1942 година завршил во концентрационен камп. Откако по три години излегол од таму, објавил неколку книги за неговото искуство.

Најавата на делумна мобилизација во Русија предизвика протести во неколку региони и масивен бран на иселувања од земјата. По хаосот што настана, Путин призна „грешка“ во процесот, пишува Moscow Times.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе