Свет

Русите признаа колку е зголемена радијацијата по мистериозната експлозија

13. август 2019 - 13:15 | Б.С.Б.

Нивото на радијација во рускиот град Северодвинск на 8 август пораснало меѓу 4 и 16 пати по несреќата за која властите открија дека станува збор за тестирање на ракета од морска платформа, објави руската метеоролошка агенција, пренесува TASS.

Министерството за одбрана прво објави дека радиоактивното зрачење останало на нормално ниво по несреќата, но градските власти на Северодвинск во северна Русија открија дека е забележан краток раст на нивото на радијација.

Greenpeace тврди дека нивото на зрачење пораснало за 20 пати, додека руската метеоролошка агенција Rosgidromet објави дека е порасната меѓу 4 и 16 пати.

Русија дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање на проектили била од нуклеарен карактер и дека притоа загинале најмалку петмина. Во соопштението на Rosatom, во експлозијата загинале петмина нивни вработени, а тројца се здобиле со изгореници. Rosatom прецизираат дека нивните вработени давале техничка поддршка за изотопски извор на енергија на мотор на проектил, додека војската не спомна нуклеарно гориво во склоп на несреќата.

Жителите на Северодвинск во меѓувреме направија резерви на јод кој се користи за намалување на ефектот од изложеност на зрачење.

Коментирај