Ryanair: Квалитетот на Boeing е загрижувачки

Макфакс
/ 08.02.2024 / 09:35

Ирската авиокомпанија Ryanair е загрижена поради дефектите во авионите на Boeing што ги идентификуваа американските регулатори во извештајот по инцидентите на компанијата Alaska Airlines на моделите 737 Max 9, изјави денеска извршниот директор на таа компанија Мајкл О’Лири.

„Загрижени сме бидејќи извештајот го нагласува лошиот производствен квалитет на Boeing, но не мислиме дека тоа влијае на нашата флота  на авионите 737 или Max 8“, рече О’Лири.

Тој истакна дека на последните 12 авиони, кои Ryanair ги доби во периодот од октомври до декември, забележано е подобрување на квалитетот во споредба со претходниот период од оваа година, пренесе Reuters.

Додаде и дека не е сигурен дали зголемениот надзор на Федералната управа за воздухопловство (ФАА) во Сиетл ќе ги забави новите испораки на Boeing за Ryanair до крајот на јуни.

Според прелиминарниот извештај на американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот (NTSB) објавен вчера, недостасуваат четири клучни завртки од затворачот на вратата што излета од авион Max 9 на Alaska Airlines за време на лет на 5 јануари.

Ryanair, најголемата европска авиокомпанија според бројот на патници и еден од главните клиенти на Boeing, нарача повеќе од 350 авиони Max во последниве години, но ниту еден од Max 9.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе