СДСМ бара прво да се формира Влада, па потоа да се свика Собрание

„Иванов да се вразуми и да го даде мандатот со тоа што ќе ги исполни своите уставни овластувања“, бараат од опозициската СДСМ, која поднесе потписи од 67 пратеници до Претседателот, но тој одлучи да не им го даде мандатот.

„Ова претставува директно кршење на Уставот, рушење на уставниот поредок и токму заради тоа и денешната прес конференција и повикот навистина Иванов да направи се, да помогне Македонија да излезе од оваа криза. Изборот на Парламентот и сите други работи којшто претходат, сигурно дека мора да се случат меѓутоа најважно од се е Македонија да добие што е можно побрзо Влада“, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, зошто не побараат свикување на Собранието и да се распишат локалните избори, за кои рокот истече вчера.

Тој не прецизира до кога ќе чекаат Иванов „веднаш“ да го даде мандатот, туку вели дека ќе направат сè, преку сите можни расположливи демократски и правни средства да ги остварат уставните начела и да ја формираат новата влада.

„Ние очекуваме дека кога има Иванов избор од една страна Македонија и граѓаните на Република Македонија, и од втора страна заштита на одредена политичка структура или спас од криминалот, дека сé уште има време да се предомисли и да застане на страната на граѓаните на Република Македонија, бидејќи знаете вие дека, имаше и протести претходно во Република Македонија, после една одлука за амнестија на одредени политички структури во Република Македонија“, рече Спасовски.

Појасни дека со тоа што го чекаат Иванов да се предомисли, не сакаат да ги разгорат страстите и дека преземаат сè што е во нивна можност.

„Наша цел е да се смират тензиите. Наша цел е да не продолжи конфликтната состојба и поделбата, наша цел е да не ја брануваме јавноста и да создаваме нереди кои можат да прераснат и во пошироки размери. Затоа постојано повикуваме кај граѓаните да преовлада разумот, да бидеме дел од луѓето кои ја имаат сериозната одговорност за мир и стабилност во Македонија и таа состојба на делување е најголемата порака до оние кои во овој момент креираат одредени кризи. Затоа, СДСМ прави сé и ќе прави сé и натаму да не дозволи во ниту еден момент да се случи да ескалираат состојбите, заради тоа што ескалација на состојбите најмногу му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство“, рече Спасовски.

За писмото што Иванов денеска го испрати до ЕУ, САД и Турција, со кое бара меѓународната заедница да ја осуди платформата потпишана од албанските партии во Македонија, Спасовски смета дека е само негово оправдување, што го прекршил Уставот со недавањето мандат на Зоран Заев.

Имајќи предвид дека претседателот и заменикот-претседател на партијата, денеска се сретнаа со амбасадори на неколку земји, до кои и е испратено писмото на Иванов, на прашањето што

порачале тие, како гледаат на писмото, Спасовски рече дека главната порака е Македонија да добие Влада што е можно поскоро, заради тоа што само на таков начин може да се смират тензиите и кризата да го доживее својот крај, а Република Македонија да почне да се движи напред, да се прават реформи.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе