СДСМ: Уставот нуди решенија за излез од политичката криза

Уставот обезбедува многу јасни решенија за излез од политичката криза, тврдат од СДСМ. Според нив, претседателот Ѓорѓе Иванов ќе мора да го даде мандатот.

„Ѓорге Иванов мора да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата Влада. Никола Груевски има изгубено контакт со реалноста затоа е во заблуда дека тој е поважен од Уставот на Р. Македонија“, велат од СДСМ.

Според нив, неприфатливо и недозволиво е Груевски да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја загуби власта.

Од СДСМ уште сметаат дека недозволиво е и од страна на Иванов, само за да го спаси Груевски да одговара за неговото криминално работење, да го крши Уставот и да ја пролонгира политичката криза на штета на граѓаните.

„Ако Иванов и Груевски навистина ја сакаат Македонија како што велат, тогаш тие би го почитувале Уставот и ќе се повлечат. Граѓаните во Македонија не сакаат нови парламентарни избори. Тие веќе го поддржаа концептот едно општество за сите. Тие сакаат да живеат заедно, без поделби, во правна држава која обезбедува квалитетен живот за сите“, истакнуваат од СДСМ.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе