Актерот Семјуел Л. Џексон и режисерот и сценарист Квентин Тарантино со години соработуваат на филмови.
Од сите актери кои соработувале со Тарантино на повеќе проекти, како Бред Пит и Тим Рот, Џексон глумел во најголем број филмови на режиисерот. Нивната прва соработка беше во филмот Pulp Fiction од 1994 година, а последната во 2015 година во филмот The Hateful Eight.
Оваа година Pulp Fiction одбележува 30 години од својата премиера, па Џексон за APEntertainment коментира што е посебно во филмовите на Тарантино и зошто му се допаѓа да работи на нив.
„Филмовите на Тарантино се различни по тоа што се водени од карактери. Кога читате сценарио на Тарантино, сфаќате дека ќе имате многу да кажете за тоа кој сте и како се чувствувате, наместо да прочитате пет страници со насоки како ‘во ред, вози брзо, гледај вака, возилото поминува преку рудник’“, коментира актерот, пренесува Movie Web.
Џексон додаде дека долгогодишното искуство во театар му помогнало да го разбере начинот на кој работи Тарантино.
„Има многу работи кои треба да ги отелотвориш како лик за да глумиш добро. Фактот што поминав долги години во театарот многу ми помогна да го прифатам и разберам начинот на кој работи Квентин. Тој ја цени мојата работа во на поинаков начин, тој знае дека сум навикнат да држам говори и тоа ми се допаѓа“, додаде актерот.
The Hateful Eight и Pulp Fiction се само дел од филмовите на Тарантино во кои глумел Семјуел Ел Џексон. Легендарниот актер играше во дури седум филмови на Тарантино, шест кои ги режираше, а за еден го напиша сценариото.
По нивната прва соработка во Pulp Fiction, Џексон глумеше во Jackie Brown од 1997 година, филмовите Kill Bill: Volume 1 и Volume 2 од 2003 и 2004 година, кои Тарантино ги смета за еден филм, Inglorious Basterds од 2009 година во Django Unchained од 2012 и филмот The Hateful Eight од 2015 година.
На списокот на соработки меѓу Џексон и Тарантино се наоѓа и филмот True Romance од 1993 година, во режија на Тони Скот, а напишан од Квентин Тарантино во соработка со Роџер Авари.