Северна Кореја низ нелегални фотографии

Микаил Хуниевиц е фотограф кој ја посети една од најчудните држави во светот, Северна Кореја. Кога аплицирал за визата, го скрил фактот дека е фотограф, бидејќи тоа ќе значело опасност за државата - фотографии кои би документирале нешто што не смее да биде видено од светската јавност. На својот блог тој ги сподели скришно направените фотографии и приказната за ова патување.

Михаил патувал од Кина до Северна Кореја, а пред да влезе во државата бил претресуван за повеќе нешта - покрај стандарните нелегални работи, забрането е внес на било какви книги или филмови за Северна Кореја, како и носење на порнографска содржина. Својот фотоапарат го направил да изгледа што е можно поаматерски и тајно фотографирал за време на патувањето.

Тој патувал со тура и севернокорејски водич, што ги водел наместата каде смеат и им забранувал движење на местата на кои не смеат да одат, одговарајќи на туристичките прашања селективно. Микаил неколкупати се одвоил од групата за да ѕирне во забранетите делови и да напраави некои од овие нелегални фотографии.

Документирал движење на војници, фоткал од возот каде што не било дозволено. На фотографиите гледаме како изгледа една обична продавница, многу поморничаво и неснабдено од овие маркети што биле дозволени за посета од туристи.

Микаил вели дека жителите тука немаат слобода кога треба да патуваат на подалечни дестинации - смеат да патуваат само со автобус и воз, доколку им биде одобрено.

Кога пристигнал на железничката станица, таму веќе шетале многу млади и убави луѓе облечени во модерна облека - нешто што го нема на улиците во Пјонгјанг. Ова било особено чудно за Микаил, бидејќи нивниот воз бил единствен што пристига дента. Тој е сигурен дека ова, како и многу други јавни места и ситуации во Пјонгјанг, биле наместени сцени за очите на туристите.

Целиот впечаток на овој турист е дека државата е доста сиромашно, морничаво и тажно место, исполнето со билборди, графити и пораки од Ким Ил Сунг и неговиот син Ким Јонг Ил, кое кога би било ослободено од стегите на моменталното власт, има потенцијал да стане економски празвиена земја, интересна за посета.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе