Шефот на спасувачкиот тим: Нема надеж дека Сала е жив

Кардиф, 23јануари 2019 (МИА) – Шефот на тимот кој го бара исчезнатиот авион во кој се наоѓаше напашачот на Кардиф, Емилијано Сала (28) изјави дека „нема надеж“ дека ќе биде пронајден.

Аргентинскиот напаѓач, за кого тимот од Велс во неделата плати рекордни 15 милиони фунти, се враќаше во Кардиф по разделбата со поранешниот тим и соиграчите во Нант, кога малиот авион со кој леташе исчезна над Ла Манш во понеделникот вечерта.

По неколку часа потрага во вторникот, акцијата беше запрена во вечерните часови, и беше продолжена со првата светлина во средата, во реонот каде што авионот последен пат бил забележан од радарите.

Сепак, во вторникот вечерта, официјални претставници истакнаа дека минимални се шансите да бидат пронајдени преживеани, а на вториот ден од потрагата, шефот на спасувачкиот тим Џон Фицџералд истакна дека дури и физички најподготвените луѓе не би преживеале во вода повеќе од неколку часа.

„За жал, јас лично не мислам дека има надеж. Овој период од годината, условите се прилично ужасни ако сте во вода“, изјави Фицџералд.

Тимот кој ја врши потрагата работи на четири сценарија, вклучувајќи и дека авионот се распаднал при контакт со вода и тие се во морето, како и дека се спуштил на вода и дека патниците се истовариле на брод за преживување.

„Нашата потрага се фокусира на опцијата со чамецот“, велат од тимот.

Аргентинските медиуми објавија дека Сала испратил гласовна порака до семејството пред летот, велејќи дека е исплашен бидејќи „авионот изгледа како да ќе се распадне“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе