КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Шок за Шпанија: Гави тешко се повреди, нема да игра на ЕУРО и Олимпијадата

Еден од најдобрите млади играчи во светот ја заврши сезоната поради тешка повреда на коленото на последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Во последното коло Шпанија играше во Ваљадолид против Грузија и победи со 3:1, а во 26. минута теренот го напушти Гави поради тешка повреда.

Прво доби удар во десното колено и падна на тревникот, но можеше да ја продолжи играта. Грузиецот што стартуваше над него е дефанзивецот на Кремонезе, Лука Лочошвили. Токму тој си постигна автогол при крајот за конечни 3:1.

URL

Сепак, веќе во следната акција Гави се обиде да ја шутне топката, незгодно застана и веднаш се струполи на тревникот.

Беше изнесен од теренот во солзи, а сега навивачите на Шпанија, но пред сѐ на Барселона, ја дознаа страшната вест.

URL

Имено, првите лекарски наоди покажуваат дека 19-годишникот ги скинал вкрстените лигаменти на десното колено, што за него значи крај на сезоната.

URL

Покрај тоа што нема да игра за Барса до крајот на сезоната, тој нема да игра ниту на Европското првенство во Германија, со оглед на тоа дека заздравувањето трае 6 до 8 месеци, а јасно е дека нема да биде подготвен за јунските натпревари.

Шпанските медиуми сметаат и дека Гави нема да може да настапи на Олимписките игри во Париз кои почнуваат на крајот на јули.

Гави почнал да вреска кога ја слушнал прогнозата на докторите. „Не е можно, не е можно! Морам да играм“, викал разочараниот Гави.

URL

„Ова е многу тежок момент, за Гави и Барса, но и за репрезентацијата и за мене. Уништени сме, но фудбалот ги има овие работи, ова е грдиот дел и тоа е нешто неконтролирано“, рече шпанскиот сечлеклтор Луис де ла Фуенте.

„Ударот не беше ништо. Тоа беше само лош гест. Се случи поради контрола. Тој погрешно зачекори и коленото му мрдна. Ова може да се случи во секоја ситуација. Тоа беше несреќа. Беше совршен за играње. Беше свеж и феноменален. Тој едноставно не играше викендот и немаше проблем“, додаде селекторот.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе