УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/2023

Шпанија во 88. минута ја победи Италија и закажа финале со Хрватска

Фудбалерите на Шпанија се пласираа во финалето на Лигата на нации откако синоќа ја совладаа Италија со 2:1, а победничкиот гол го постигна играчот кој Реал Мадрид сака да го доведе во своите редови - Хоселу.

Шпанија го отвори резултатот уште во 3. минута откако Јереми го матиираше голманот на Италија. Голот оди на душа на ветеранот Леонардо Бонучи кој ја загуби топката пред својот шестнаесетник.

Remote video URL

Сепак, само седум минути подоцна „Аѕурите“ се вратија во игра кога Чиро Имобиле реализираше удар од белата точка за 1:1, откако Робин Ле Норман играше со рака.

Remote video URL

Кога се очекуваше натпреварот да заврши нерешено и повторно да се играат продолженија, како што беше случајот на дуелот меѓу Холандија и Хрватска, Шпанија повторно поведе на две минути пред крајот.

Стрелец беше замената Хоселу, кој имаше голема среќа откако топката се одби директно од неговата нога по ударот на Родриго. Најпрво се чинеше дека мора да се работи за недозволена офсајд позиција, но забавеното видео покажа дека Ачерби не се извлекол на време откако претходно тој ја расчисти опасноста.

Remote video URL

Хоселу (33) е единствениот играч на кој Реал Мадрид во моментов размислува како засилување во нападот, откако за Каи Хаверц одбија да платат повеќе од 50 милиони евра и не им се допаѓа опцијата да платат повеќе од 100 милиони евра за Хари Кејн.

Напаѓачот на Еспањол, репрезентативец на Шпанија и најдобар шпански стрелец во последната сезона од Ла Лига постигна 16 голови.

Шпанија во финалето на Лигата на нации ќе игра против Хрватска, а овој дуел е закажан за в недела од 20:45 часот. Претходно во текот на истиот ден Италија и Холандија ќе одиграат натпревар за утешното трето место.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе