Шпанската полиција влезе во просториите на Фудбалската федерација

Макфакс/Кајгана
/ 20.03.2024 / 14:20

Утринава полицијата влезе во просториите на Кралската фудбалска федерација на Шпанија (РФЕФ) поради сомневање за коруптивни активности. Овие сомнежи се засноваат на незаконски договори преку кои наводно се переле пари. Во објавата на оваа вест шпанските медиуми пренесоа дека во полициската акција има уапсени.

Шпанските медиуми јавуваат дека досега се уапсени седум лица. Нивните имиња не се споменуваат. Под истрага се уште пет лица.

Во исто време полицијата изврши претрес и во домовите на вработени и поранешни вработени во РФЕФ.

Еден од домовите во кои влезе полицијата бил и домот на поранешниот претседател на РФЕФ, Луис Рубиалес. Тој во моментов не е во Шпанија.

Да потсетиме, Рубиалес беше суспендиран од сите фудбалски активности на три години поради сексистичкиот скандал на финалето на Светското првенство за жени. Причината е што за време на доделувањето на златните медали против нејзина волја ја бакна в уста репрезентативката Хени Ермосо.

Судот, кој ги истражува договорите што ги потпиша РФЕФ со Саудиска Арабија, домаќинот на натпреварите од шпанскиот Суперкуп, издаде наредба за увид во спорните документи.

Првиот контакт пред потпишувањето на тој договор го оствари компанијата Cosmos, чиј сопственик е поранешниот шпански репрезентативец и стопер на Барселона Жерард Пике.

Врз основ на тие договори, РФЕФ остварува профит од 40 милиони евра годишно.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе