Што начесто ја предизвикува главоболката?

Главоболката е еден од најчестите здравствени проблеми со кои се соочуваат повеќето луѓе, но треба да се знае зошто и како се јавува болката и на што укажува.

Трите главни видови на главоболка се мигрена, напнатост и кластер болка, а има многу причинители и поттикнувачи на оваа непријатност.

„Нерешениот стрес може да предизвика главоболка бидејќи напнатоста во главата се јавува кога се напнати мускулите на вратот и рамената, а тоа е обично одговор на телото на стрес и анксиозност. Ако често ве боли главата, обидете се да утврдите дали сте под голем стрес и како да го решите изворот на стрес“, вели докторката Сузан Хачинсон и додава дека при ваков проблем помагаат психолошки советувања за справување со тешките мисли.

Уште една важна работа што треба да ја проверите е колку вода внесувате во текот на денот – дехидратацијата може да предизвика главоболка. Точната поврзаност уште не е утврдена, но се претпоставува дека има врска со волуменот на крв што се намалува кога не примаме доволно вода.

„Треба да ги преоспитаме своите навики и стилот на живеење“, вели Хачинсон.

Дехидратацијата најлесно може да ја забележите преку урината – ако е премногу жолта и темна – како и чувството на жед и сувост во устата.

Анемијата е состојба во која ни недостигаат црвени крвни клетки кои го носат кислородот до ткивата во телото, а сериозната анемија може да се манифестира со главоболки.

Звучи иронично, но ако земате премногу лекови против главоболка тоа може да предизвика главоболки. Претерувањето со таблети може да ја влоши болката. Овој проблем ќе го решите ако направите драстична промена во количината на внесени лекови и разговор со лекар кој ќе ви препорача алтернативни решенија.

Кофеинот исто така може да влијае на главоболката бидејќи ги стеснува крвните садови и со тоа се отежнува протокот на крв.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе