Еден од најпознатите симболи во автомобилската индустрија е Spirit of Ecstasy, кој е дел од луксузните Rolls Royce автомобили. Симобилот се вградува во моделите на оваа компанија од 1920 година, а е изработен од полиран нерѓосувачки челик. По желба може да биде направен и од 24 каратно злато или од матиран кристал.
Примероците од Spirit of Ecstasy можат да чинат и повеќе од 10.000 евра, па јасно е дека крадците би сакале да ги украдат.
Сепак Rolls Royce има систем за заштита кој за прв пат е применет на моделот Phantom од 2003 година. Тој функционира така што на секој посилен контакт, фигурата автоматски се вовлекува во внатрешноста.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=aj53HuWBfjE]