Сириски бегалец гради живот во Скопје додека сонува за Дамаск

Скопје, 22 декември 2019 (МИА) – Животното искуство на Луај Арафе се чини поинакво од судбините што сме ги слушнале за  луѓето што ги напуштаат своите домови поради војна или кои било други причини, но сепак тажната нишка е неизбежна и во неговата приказна. Арафе на осумгодишна возраст се сретнува со ужасите на војната, додека на 10 години ја напушта татковината речиси без ништо.

Арафе денес е 18-годишно момче, кое работи во едно кафуле во Старата чаршија во Скопје. Во разговор со екипата на МИА ја раскажа својата приказна, предизвиците со кои се соочувал и како се случило да дојде да живее токму тука, во Скопје. Ни кажа дека потекнува од главниот град на Сирија, Дамаск, но и дека покрај неговите патешествија неговиот сон е еден ден да се врати во својата татковина.

Две години откако почна граѓанската војна во Сирија, Луај заедно со брат му, сестра му и неговите родители во 2013 година заминуваат од Сирија. Семејството Арафе заминува од Сирија откако таткото на Луај шест месеци поминал во затвор.

– Тоа беше навистина стресен период за осумгодишно дете и општо за сите во семејството. Шест месеци додека татко ми беше во затвор ние немавме никакви информации за него, не знаевме дали е воопшто жив. Кога го пуштија од затвор веднаш ја напуштивме Сирија, без ништо и се упативме кон Египет, истакна Арафе.

Од Сирија речиси не земале ништо со себе. Тој нема ниту една фотографија од неговото детство. Семејството Арафе пристигнува во Египет, каде претстојуваат четири месеци, а потоа се населуваат во Дубаи.

Неговите сеќавања за Сирија се прилично потресни.

– Нашата куќа има поглед на целиот град и гледавме како паѓаат бомби. Целиот тој период го паметам како тежок и стресен, посочи Арафе.

Четири година откако семејството Арафе заминува од Сирија, во 2017 година пристигнуваат во Скопје. Помошта ја добиле од неговиот чичко, кој им обезбедил легален престој и живеалиште.

– Кога пристигнав тука не познавав никој, не го говорев македонскиот, а ниту англискиот јазик, па ми беше тешко да се навикнам на начинот на живеење и културата. Таму имав роднини и многу пријатели. Но, сепак Скопје ме потсетува малку на Дамаск, пред се улиците и градбите, рече Луај.

Сега тој студира стоматологија на еден од универзитетите во Скопје и истовремено го учи англискиот и македонски јазик, а малку зборува и албански јазик. Покрај студирањето, тој за време на викендите работи во кафуле бидејќи сака финансиски да придонесе за семејството.

И покрај тоа што е задоволен од животот во Северна Македонија, сепак сѐ уште тагува за Сирија.

– Со своите роднини и пријатели од Сирија комуницирам двапати неделно преку социјалните мрежи, вели Арифе за МИА.

Тој додаде дека кога ќе заврши војната во Сирија сака да се врати во Дамаск.

– Сакам да се вратам во Дамаск, ми недостига Сирија. Таму се моите роднини и пријатели. Пред три години бев две седмици во Сирија. Ги видов сите блиски луѓе и беше навистина убаво чувство. Но, градот претрпел голема штета, имаше многу војска и полиција. За среќа нашата куќа не беше оштетена, наведе Арифе.

Тој додаде дека „неговиот сон е еден ден да може повторно да се врати во татковината и да биде успешен во својата професија“.

Во Северна Македонија во текот на 2019 година (1 јануари – 30 ноември), според податоците на МВР, 447 лица, од кои 50 Сиријци, побарале азил.

Фото: Фросина Насковиќ

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе