СЈО сè уште во УБК, утврдува кој и како прислушувал во Македонија

Обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство сè уште се во Управата за безбедност и контраразузнавање, каде речиси 24 часа се обидуваат да обезбедат податоци за прислушувањата што се вршеле од 2008 до 2015 година и да утврдат дали прислушувала УБК или странски служби.

Наскоро Специјалното јавно обвинителство ќе излезе на прес- конференција за да обелодени две нови истраги што ги отворило, но и да соопшти до каде е прибирањето на документацијата од УБК.

Нооќеска еден час по полноќ, Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева изјави дека не наидуваат на соработка во Управата, дека не можат да ги обезбедат потребните податоци и нивната работа се опструира. Таа најави дека ќе останат во Управата сè додека не ги добијат доказите кои им се потребни. 

„Ние нема да си одиме сè додека не постапиме по судските наредби. Јас ќе бидам цела вечер тука сè додека можам да издржам“, изјави ноќеска Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Обвинителите велат дека УБК нема технички и човечки ресурси за да одговори на судската наредба, а од УБК, пак, велат дека не е можно да ги извадат тие податоци и да го прекинат системот за следење на комуникациите и дека може да го нарушат безбедносниот систем.

„Со судска наредба по наше барање, бараме да ги обезбедиме сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК, а кои биле предмет на прислушување, за кои се сомневаме дека се наоѓаат во моменталните системи. Наша цел е да ги обезбедиме тие податоци, да видиме дали навистина тие податоци се таму и понатаму што можеме да утврдиме од тие податоци. Од досегашното постапување, УБК не само што не манифестираше волја, туку манифестирашe недостиг на технички и човечки капацитети. Не сакаме да инсинуириме кои се мотивите за тоа. Разочарани сме што државна институција нема ниту технички, ниту човечки ресурси да одговори на судска наредба за да може да пристапиме во системите за прислушување. Буквално тапкаме во место, немаме резултати. Товарот е на страна на УБК, тие треба да ги обезбедат условите за ние да ги  обезбедиме доказите“, рече обвинителката Ленче Ристовска. 

Директорот на УБК, Владимир Атанасовски, пак, вели дека е убеден дека вработените во УБК соработуваат со обвинителите. 

„Со барањето се опфатени мерки за следење на комуникации во период од 2008­ма до 2015­ та, а проблем во системот и прекин на работата може да предизвика тоа што не може да се изделат следењата кои се почнати пред крајниот рок на барањето, а сè уште се активни“, рече Атанасовски.

Освен Атанасовски, во Управата цело време се и дополнителниот заменик министер, Оливер Андонов и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кои обвинија дека специјалните јавни обвинители се нестручни и оти во УБК дошле неподготвени со што може да предизвикаат упад во системот за следење на комуникации во тековни активности.

„Во периодот од 2008 до 31.12.2015 постојат актуелни посебни истражни мерки кои се спроведуваат во различни области на криминал, меѓу кои и тероризам. Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци. Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија“, рече Чавков. 

Од СЈО поднеле барање некаде околу 20 часот до операторот, односно до „Ериксон“, за тие да дадат овластување на нивниот претставник во Македонија да оствари пристап до системот кој е во сопственост и администрирање на операторот.

„Доколку тие обезбедат експерт, стручно лице кое што ќе може да ги извлече сите тие податоци и пак ќе повторам не „имиџи“, зошто Катица Јанева употребува термини кои што не и се познати, туку експорт на сите тие податоци кои што ги бараат, едноставно можноста ја имаат ако сега успеат да ги извадат, сега да ги извадат, но видоа дека не се подготвени и не е тоа едноставно да се реализира“, заклучи Чавков.

Обвинителите на СЈО со судска наредба во вторникот околу 11 часот влегоа во УБК за да обезбедат податоци и да утврдат кој, каде и зошто прислушувал, но попладнето се пожалија дека нивната работа се опструира.

Според опозициската СДСМ која објави јавно дел од прислушуваните разговори меѓу високи функционери на власта во Македонија прислушувала Управата заедно со власта, додека според владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Македонија прислушувале странски служби со поддршка од опозицијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе