Скопското јавно обвинителство, кое ја истражува смртта на Коста Крпач кој беше најден мртов минатата недела, побарало податоци и документација за случајот од Специјалното јавно обвинителство од Министерството за внатрешни работи и Основниот суд Скопје 1.
Обвинителството ги чека и дополнителните наоди кои ги побара од Институтот за судска медицина и крим техника.
Од Обвинителството сè уште не соопштуваат дали станува збор за самоубиство. Според првичната верзија, Крпач минатата среда најпрвин пукал кон паркирано комбе од својот стан, а потоа се самоубил.
Крпач бил сведок на Специјалното обвинителство, а се најде и на списокот на аболирани што го донесе претседателот, Ѓорге Иванов.