Смртта на првиот човек кој стапна на Месечината - тајна вредна 6 милиони долари

Официјалната причина за смртта на астронаутот Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, во 2012 година, се води како последица на „компликации по операција на срцето“. Седум години подоцна почнаа да се разбиструваат матните околности на неговата смрт.

The New York Times минатата недела објави дека добил документи на 93 страници во кои се открива спорот на семејството на најпознатиот астронаут во историјата со мала болница во Охајо каде бил лекуван и опериран.

Cincinnati Enquirer исто така прими документи што биле испратени анонимно.

Според објавите на весниците, семејството се заканило дека ќе ја тужи болницата за несовесно работење.

На крајот била постигната вонсудска тајна спогодба за да се избегне скандал. Болницата исплатила 6 милиони долари, од кои 5 завршиле кај синовите на Армстронг, Рик и Марк, во замена за нивното молчење.

Во јуни, 2014 година, Венди, сопругата на Марк која работи како адвокат, испратила и-мејл со закана дека ќе излезе со детали во јавноста на 45-годишнината од мисијата Аполо 11 во која Армстронг стана првиот човек кој стапнал на Месечината.

„Ако ова излезе во јавност, штетата на вашиот углед ќе биде многу поголема од која било пресуда на порота“, напишала Венди, според Cincinnati Enquirer.

„Ниту една институција не би сакала да биде поврзана со смртта на еден од најголемите американски херои“, вели Берта Хелмик, адвокатка која ги застапува внуците на Армстронг, пренесува Times.

Втората сопруга на Армстронг, Керол сакала да се знае дека не учествувала во спогодбата.

Случајот се однесувал на одлуката на болницата во Ферфилд, Охајо да не му се прави операција на Армстронг во моментот кога почнал да покажува знаци на забрзано внатрешно крварење, неколку дена по операцијата за коронарен бајпас.

Првичната одлука за операцијата за бајпас исто така била сомнителна.

Портпаролката на болницата за Enquirer изјави дека објавувањето на деталите било „многу разочарувачки“.

Брендирање и заработка

Спогодбите за несовесно лекарско работење се вообичаени во САД и само 5% од случаите завршуваат на суд, вели Мишел Мело, професорка по право на Стенфорд. Болниците се осигурани од ризик.

Според неа, најголемата спогодба на лекар за смртта на маж на 80-години во 2018 година изнесувала 1,49 милиони долари.

Сите вакви случаи се пријавуваат во Националната база на податоци на лекари, но не и спогодбите на болниците што се ретки.

Друг стручњак, професор Вилијам Сејџ од Универзитетот Тексас во Остин, вели дека „спогодба од 6 милиони долари за смртта на национален херој значително нѐ погодува“.

Случајот ја истакна вредноста на името Армстронг, како и на астронаутите од „златното доба“ на НАСА воопшто.

Синовите на Армстронг продадоа илјадници лични предмети што му припаѓале на славниот астронаут на аукција на која заработија 12 милиони долари, велат од аукциската куќа Heritage Auctions.

Во интервју за AFP лани рекоа дека сакаат да основаат фондација и да донираат дел од парите во добротворни цели.

И другите астронаути кои стапнаа на Месечината заработуваат од целата ситуација.

Баз Олдрин, член на мисијата Аполо 11, бара од 50.000 до 75.000 долари за учество на конференции, информира страницата speaking.com.

„Ќе побара приватен авион, ВИП сместивање и ќе го добие тоа бидејќи луѓето сакаат да се запознаат со Баз Олдрин“, вели Френсис Френч, автор на неколку книги за историјата на освојувањето на вселената, вклучувајќи една за екипажот на Аполо 15.

Френч вели дека не е тајна дека поранешни астронаути се обидуваат да најдат начини за зарботка откако ќе им заврши кариерата. Во спротивно би морале да се потпрат на скромното пензионирање во воена или државна служба.

Тој додава дека лично се познава со семејството Армстронг и дека тие не се мотивирани од заработка.

Чарли Дјук, еден од четворицата астронаути кои биле на Месечината кои уште се живи, бара 5.000 долари за интервју.

„Има пазар. Ќе наплатат за сѐ што можат“, вели Џон Логсдон, основач на Институтот за вселенска политика на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“.

„Овие луѓе си го ризикувале животот и не гледам ништо лошо во тоа да заработат на тоа“, додава тој.

По астронаутската кариера, Нил Армстронг живееше мирен и повлечен живот, далеку од медиумското внимание. Кога се повикуваше на неговата слава, тоа го правеше за доброто на Универзитетот Пардју каде дипломирал.

Благодарение на големата кампања во 90-тите под негово водство, за собирање пари за потребите на универзитетот, биле собрани 250 милиони долари.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе