ФИС ЧЕТИРИ СКОКАЛНИЦИ 2023/2024

Со 4 втори места Кобајаши победи на новогодишната турнеја Четири скокалници

По дури 25 години се случи севкупен победник да биде скокач без да забележи триумф на една од четирите скокалници од новогодишната турнеја. Јапонецот Рјоју Кобајаши го освои Златниот орел откако на сите четири скокалници заврши втор.

Во возбудлив финиш денеска во австриски Бишофсховен, во една вистинска зимска идила, домашниот скокач Штефан Крафт победи на последната скокалница и се погрижи да има различен победник на сите четири.

Како што наближуваше крајот, Словенецот Анже Ланишек, победникот од Гармиш-Партенкирхен, го презеде првото место откако го направи најдолгиот скок денеска од 141 метар.

На ред дојде домашниот скокач Штефан Крафт. Скокна еден метар помалку од Ланишек, но му го зеде првото место поради подобриот скок во квалификациите.

Финалето заврши со скокот на најдобриот од квалификациите и воедно лидер во генералниот пласман, Рјоју Кобајаши, кој беше извесно дека ќе биде севкупен победник, но се надеваше дека конечно ќе го скрши малерот и ќе победи на една скокалница. Скокна 139 метри, што повторно беше доволно само за второ место.

URL

И порано се случувало освојувач на новогодишната турнеја да биде скокач без победа на една од четирите скокалници, но последен пат тоа се случи пред дури 25 години кога во 1998/1999 победи Финецот Јане Ахонен. Ланскиот победник, Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, му го предаде Златниот орел, кој е трет за Јапонецот бидејќи триумфираше и во 2018/2019 и 2021/2022.

URL

Потсетуваме, во Оберстдорф победи Андреас Велингер, Анже Ланишек беше најдобар во Гармиш-Партенкирхен, а во Инсбрук првото место замина кај Јан Херл.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе