Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Мерилин вос Савант од Њујорк е колумнистка во списанија, бизнисменка, драматург, но најпозната е по тоа што е личност со највисок коефициент на интелигенција во светот, па ја нарекуваат и најпаметната личност на планетава.

Нејзиниот коефициент на интелигенција е 228, додека повеќето луѓе имаат просечен коефициент на интелигенција помеѓу 85 и 115.

Мерилин е родена на 11 август 1946 година во Сент Луис, Мисури, како Мерилин Мах. Потекнува од скромно семејство на рудари, а нејзините родители Џозеф Мах и Марина вос Савант биле имигранти од Германија и Италија. Од таткова страна потекнува од чешкиот физичар и филозоф Ернст Мах. Подоцна го заменила татковото со мајчиното презиме поради традицијата во нејзиното семејство машките деца да го носат татковото, а женските деца мајчиното презиме и да не го менуваат при стапување во брак. Покрај германско и италијанско има и чешко и австриско потекло.

Уште како студентка се истакнала во науката и математиката. Но, кога наполнила 10 години, нејзиниот живот засекогаш се променил. Нејзината интелигенција потоа била проценета со помош на два теста. Еден од нив била познатата Бине-Симонова скала, која се фокусира на вербалните способности користејќи 5 компоненти за индикатори за интелигенција и првично била дизајнирана да ги процени менталните недостатоци кај децата.

Чудото од дете постигнало исклучително добри резултати на двата теста, а коефициентот на интелигенција од 228 довело до тоа Мерилин вос Савант да биде внесена во Гинисовата книга на рекорди за највисок коефициент на интелигенција од 1986 до 1989 година. Но, набрзо се појавиле сомнежи за валидноста на овие тестови, па Гинис во 1990 година ја укинал категоријата Највисок коефициент на интелигенција, со што Вос Савант станала последниот човек за кој се знае дека го држи рекордот. И покрај таквата интелигенција, Мерилин вели дека нејзините родители ја третирале како обично дете.

„Идејата беше само да бидам независна, да заработам за живот, а всушност никој не ми обрнуваше многу внимание главно затоа што бев девојче“, рече Вос Савант во едно интервју. Мерилин потоа студирала филозофија, но потоа го напуштила колеџот за да помогне во водењето на семејниот инвестициски бизнис. До 80-тите, славата на Мерилин вос Савант како личност со највисок коефициент на интелигенција во светот продолжила да ја следи. Дури и откако нејзиниот рекорд бил отстранет од Гинисовата книга, сите зборувале за неа. Со својот интелект и убавиот изглед, Мерилин се нашла на насловните страници на големите списанија, а на некои од нив била со нејзиниот сопруг Роберт Џарвик, исто така многу интелигентен и успешен човек.

Тоа што била позната како најпаметната личност во светот ги охрабрувало луѓето постојано да ја предизвикуваат нејзината интелигенција, а тоа отишло уште подалеку поради распространетоста на сексизмот во тие времиња. Таа самата еднаш изјави дека како млада девојка добивала малку охрабрување да го искористи својот талент максимално.

Remote video URL

Меѓутоа, во 90-тите се случило нешто што целосно ѝ го променило животот. Еден од читателите на нејзината колумна во списанието Parade ја замолил во 1991 година да го реши популарниот математички проблем познат како Монтихолов парадокс (Monty Hall problem), загатка над која професијата крши копја со децении. Одговорот на Мерилин не им се допаднал на читателите, но ниту на добар дел од стручната јавност ширум светот. Одеднаш сите почнале да ја критикуваат, нарекувајќи ја неука, се сомневале во нејзината интелигенција - иако нејзиниот одговор бил точен.

И покрај жестоките осуди и критики што ги добила, Мерилин вос Савант продолжила да го живее својот живот, претежно далеку од медиумите. Станала член на одборот на Националниот совет за економско образование и служела во советодавните одбори на Националното здружение за надарени деца и Националниот женски историски музеј. Денес има 77 години и две деца.

Remote video URL
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вести

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more
 

Гик

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе