Солскјер го повика Фергусон да одржи мотивационен говор пред мечот со Ливерпул

Почетокот на кариерата на Оле Гунар Солскјер започна како сон, но тешките натпревари допрва доаѓаат. По првиот пораз во неговиот мандат, оној од ПСЖ во ЛШ, тој реши да го повика стариот тутор сер Алекс Фергусон за да го мотивира составот во пресрет на мечот против големиот ривал Ливерпул.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во пеколно добра серија откако Солскјер пристигна на клупата на тимот. Тој забележа 11 победи во првите 13 натпревари и го врати Манчестер Јунајтед помеѓу првите четири места на табелата во Премиер лигата.

„Мора да играме многу подобро отколку против Парижаните. Непходно е да извлечеме поука од тој натпревар и да останеме фокусирани. Пред нас е голем меч, голем противник и крајниот исход ќе го одлучат деталите. Сепак, веќе не сме аутсајдери. Луѓето сега имаат почит за нас“, изјави Солскјер.

Во моментов, Манчестер Јунајтед се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 51 бод, еден повеќе од петтопласираниот Арсенал и шестопласираниот Челзи.

„Не ме интересира што прават другите тимови, заинтересиран сум само за мојот тим. До крајот на сезоната ќе се води жестока борба – три ‘коњи’ во трката за титулата и три ‘коњи’ во трката за четвртото место. Мислам дека конечно одиме во вистинска насока“, додаде Солскјер.

Норвешкиот тренер успеа да го мотивира тимот по заминувањето на Мурињо, со што внесе свежина кај играчите и тие повторно почнаа да играат во нивната препознатлива форма поради која земаат огромни плати од милиони и милиони фунти. Но, тој знае дека има еден човек кој би можел да го мотивира тимот како никој друг.

„Сер Алекс Фергусон е добредојден да одржи говор пред играчите, доколку сака да го направи тоа. Сите играчи знаат колку дуелот со Ливерпул е значаен за Фергусон, но и за Јунајтед како клуб“, заврши Солскјер.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул е закажан за недела, со почеток од 15:05 часот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе