Времето денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -12 до -2 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од -5 до 5 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -3 и дневна до 3 степена.
Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, особено во четврток кога на повисоките места ќе се спуштат и под -10 степени. Дневните температри до петок ќе бидат во благ пораст. Во петок и во недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.