Сопругата на убиецот од Орландо знаела за нападот

Сопругата на напаѓачот кој уби 49 луѓе во ноќниот геј клуб во Орландо знаела за неговите планови и би можела наскоро да биде обвинета, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Како што пренесе телевизиската мрежа Fox News, извор од Федералното истражно биро (FBI) рекол дека е свикана сојузната Голема пората којашто ќе одлучува дали да се покрене обвинение против сопругата на 29-годишниот Американец од авганистанско потекло Омар Садик Матин, 29-годишната Нур Салман.

Според телевизијата, обвинителството сака да ја обвини сопругата на Матин како соучесничка по 49 точки за убиство и 53 точки за обид за убиство, како и поради тоа што не ги известила властите за претстојниот напад, и бидејќи ги лажела сојузните агенти.

Нур Салман за телевизиите NBC и ABC изјави дека се обидела да го разубеди својот сопруг од нападот. Телевизијата NBC објави дека Салман изјавила дека таа заедно со сопругот купила муниција и футрола за пиштол.

Претходно беше објавено дека Нур Салман признала дека била заедно со Матин кога го набљудувал геј клубот во кој во неделата утрото го изврши терористичкиот чин, како и во забавниот тематски парк „Disney World“ во близина на Орландо, кои исто така го разгледувал како потенцијална цел на напад.

Извор за Reuters рекол дека Салман би можела да биде обвинета најрано во средата од страна на Големата порота.

„Се чини оти знаела што се случува. Изгледа дека таа ќе соработува и дена може да ни даде некои важни информации“, изјави за телевизијата CNN американскиот сенатор Ангус Кинг, член на комитетот за разузнавачката заедница на Сенатот.

 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе