Spider-Man 2 на Marvel за 24 часа собори рекорди, што го прави толку посебен?

Игрицата што ја освои јавноста на крајот на 2023 година е секако „Spider-Man 2“ на Sony Interactive Entertainment, која ги воодушеви сите критичари и со гејмплејот и со другиот дел што се однесува на квалитетот на самата игрица.

По информацијата дека стана најбрзо продаваната игрица произведена од PlayStation, од босанкиот портал Klix одлучија самите да се уверат зошто е тоа така. Долгоочекуваниот наслов на Sony Interactive Entertainment, „Spider-Man 2“, дојде во посед на голем број сопственици на конзолите PlayStation 5 и не е ни чудо што за многу краток период собра многу симпатии.

Игрицата се најавуваше долго време, трејлерите влеваа надеж дека навистина сѐ ќе биде на високо ниво и иако ретко се случува гејмплејот да биде сличен на трејлерот, овде може да се каже дека е сосема идентичен.

Remote video URL

Но, да се вратиме на фактите. „Spider-Man 2“ на Marvel продаде 2,5 милиони примероци во првите 24 часа, а 6,1 милиони примероци беа продадени за еден месец. Игрицата е придружена со испреплетена приказна со секојдневни задачи за никогаш да не ви биде досадно додека играте. На пат кон мисија, многу лесно ќе решите неколку инцидентни проблеми на вашите сограѓани во многу детален Њујорк каде Питер Паркер и Мајлс Моралес имаат полни раце работа.

Сето тоа го олеснува оделото wingsuit кое овозможува полесно патување во Њујорк, а да не зборуваме за летање, но благодарение на ова, решавањето на мисијата и целата приказна од почеток до крај е многу полесно и побрзо. А, за да биде уште побрзо, постои и т.н. брзо вклучување на мапата, но зошто да го расипете доживувањето на патувањето?

Мисиите се спроведуваат на истата основа, спасувајќи го светот и тренирајќи го младиот Спајдермен Мајлс Моралес кои се пријатели во еден момент, а во друг не. Хари Озборн, Крејвен, Мартина Ли, Мери Џејн и многу други актери се вклучени во многу детална приказна која се следи од почеток до крај.

Sony Interactive Entertainment овој пат ги збогати борбените способности и на Питер Паркер и на Моралес, кои се надградуваат додека заработувате поени за надградба на напад/одбрана, а борбите се многу полесни и сѐ се сведува на L1/R1 и копчињата за насочување и главните копчиња на десната страна на хаптичкиот контролер што има неверојатен одговор при летање, трчање, борба и други настани во текот на игрицата.

Она што особено нѐ импресионираше е борбата со внатрешните демони на Спајдермен кои го ослободуваат, а низ која го води Мистер Негатив. Патувањето на Паркер и Моралес е многу возбудливо во ова издание на Спајдермен, каде што беше посветено големо внимание на креирањето на игрицата, како технички, така и од аспект на гејмплеј.

Venom, Kraven, Lizard, Sandman, Wraith, Grizzly, Mr. Negative, Black Cat, Tombstone, Otto Octavius и многу други ве чекаат, па по празниците време е да ги отворите касичките и да го истражите светот на Спајдермен на невидено деталниот Њујорк.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе