Столтенберг: Русија не одлучува за членството на Македонија во НАТО

Брисел, 26 април 2018 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска потсети дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во Алијансата.

На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, генералниот секретар Столтенеберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во Македонија дека земјата ќе стане „легитимна цел“ во случај на конфликт доколку стане членка на НАТО, одговори: „Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијаниа каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со се за што НАТО се залага“.

- Прво мислам дека е важно правото на секоја нација да одлучи за сопствениот пат и безбедносни договори, ова е фунадаментален принцип за НАТО. Но, и Русија се заложи за овој принцип во повеќе договори како што е Хелсиншкиот договор од 1974-та години и други документи. На Скопје е да одлучи за сопствениот пат и дали сака да се приклучи кон НАТО. Македонија и 29-те сојузници на НАТО одлучуваат за тоа и никој друг нема збор во овој процес, изјави Столтенберг на прашање на МИА.

Како што јави дописничката на МИА во Брисел, Столтенберг рече дека го поздравува напредокот во преговорите за спорот за името и оти е информиран за тоа.

Столтенберг потсети дека поканата за влез во Алијансата за Македонија од 2008 се уште важи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе