Вработени во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и актуелниот ректор Велимир Стојковски, во понеделник наутро беа дочекани од блокиран влез пред кој стоеја студенти, кои го бојкотираат изборот за нов ректор на УКИМ, закажан за 10 часот.
Студентите велат дека се одлучни и нема да заминат се додека нивниот глас не биде слушнат, пренесува радио „МОФ“. Извесно време по почетокот на собирот, на студентите им се приклучија и професорите од Професорскиот пленум.
Денеска ќе се знае кој ќе биде нов ректор, а трката се води меѓу поранешниот министер за образование и професор Ненад Новковски и актуелниот декан на Медицинскиот факултет Никола Јанкуловски.
При изборот, право на глас имаат десет студентски претставници, за кои од Студентски пленум велат дека се нелигитимни.