Судии од Основниот суд Скопје 1 Скопје реагираат против претседателот на судот Панчевски

Петнаесетина судии од Основниот суд Скопје 1 Скопје се обратија со писмо во вторникот до Судскиот совет, обвинувајќи за наводна злоупотреба на судот од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски.

Тие на Панчевки му пратија порака дека Основниот суд Скопје 1 Скопје не е приватен суд на Панчевски, туку дека истиот е во функција на граѓаните, поради што судот не смее Панчевски да го користи за лична пресметка со колегите.

Имено, судиите со Известување до Судскиот совет и до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, побараа према Панчевски да бидат превземени соодветни мерки за таквото негово постапување, имајки ја предвид должноста на Претседателот на судот да истиот при давањето на информации за јавноста да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста.

Панчевски на веб сајтот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, но и по повеке медиуми, јавно објави дека поднесува кривична пријава против судијата Иван Џолев, кое нешто е спротивно на чл.97 ст.3 од Законот за судовите, за кое нешто Панчевски треба да сноси одговорност.

Следи интегрално текстот од писмото на судиите:

„Ние долупотпишаните судии на Основен суд Скопје 1 Скопје, во име на независното судство и судскиот морал и етика, се чувствуваме повикани да Претседателот на Судскиот совет на РМ и сите членови, ве известиме за следното:

Како колеги на судијата М-р Владимир Панчевски – во моментот Претседател на судот и на судијата Иван Џолев, навистина сме изненадени од последното известување објавено на официјалниот сајт на Основен суд Скопје 1 Скопје на ден 10.11.2016 година, каде во делот на соопштенија за јавноста, судијата Владимир Панчевски како Претседател на судот информира за свои лични постапувања и ставови за одреден судија, при тоа крајно непочитувајќи го неговиот интегритет како судија. За ова тој го користи официјалниот веб сајт на судот.

Се оградуваме од наведеното, имајќи ја предвид судската етика и морал, а воедно и почитувањето на тајноста и заштитата на интегритетот за било каква поведена постапка према судија.

Со оглед да во судот односите помеѓу колегите се крајно нарушени, засегнати сме сите ние со наведеното известување, бидејќи може тоа да биде било кој од нас, кој во моментот не се согласува со сегашниот Претседател, со почит према неговата функција.

Сметаме дека е недозволиво да официјалниот сајт на судот биде користен за објава на лични преписки и ставови на Претседателот, при тоа користејќи ја таа функција од аспект на сила и моќ.

Во таа насока се обраќаме до сите вас како надлежен орган да согласно вашите законски овластувања превземете соодветни мерки према Претседетелот.

Исто така, ја користиме оваа прилика и да се оградиме од сите известувања објавувани на официјалниот сајт на нашиот суд, за кои не сме биле претходно прашани, ниту сме заземале некаков став, а се однесувале за судиите на Основен суд Скопје 1 Скопје и биле официјално објавено на сајтот. Ова затоа што судот е на сите судии кои се легитимно избрани во истиот, а не сопственост на Претседателот и неколку судии околу него.

Ви се обраќаме во оваа насока лично до сите вас и бараме заштита од сите вас сега и за во иднина, со оглед да пред се сите вие претставувате тело – орган за заштита на судиите кои постапуваат согласно закон и заштита на нивниот интегритет и независност.

По однос објавениот натпис на сајтот очекуваме да превземете соодветни мерки према Претседателот“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе