Судир на имигрантите со македонската полиција на грчката граница

Ситуацијата на македонско-грчката граница денеска е тензична, откако група мигранти се судри со македонската полиција по обидот да се прекачат преку оградата што е поставена на границата, јавува Reuters.

Македонската полиција употреби солзавец по што мигрантите почнаа да фрлаат со камења кон полицијата, пренесува агенцијата која одбележува дека грчката полиција не се вмешува во судирите. Грчки полициски извор изјавил дека има тензија, но одбил дополнително да коментира.

Македонски извор кој барал да остане анонимен, изјавил дека поголема група го напуштила кампот Идомени во утринските часови и се упатиле кон оградата со цел да ја минат.

„Тие фрлаа со камења врз македонската полиција. Полицијата одговори со созлавец“, изјавил човекот.

До инцидентот дошло откако група од повеќе од 500 луѓе поверувала на шпекулациите дека границата е отворена. Reuters наведува дека откако тоа било негирано од македонските полицајци повеќе од сто мигранти, меѓу кои и деца, се обиделе да се прекачат преку оградата.

Од грчката страна на границата во областа Идомени, се проценува дека во моментов има повеќе од 10.000 бегалци и мигранти кои останаа таму, откако кон средината на февруари земјите од балканска бегалска рута, вклучително и Македонија, го следеа примерот на земјите од Европската унија и ги затворија границите.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе