Сува, мрсна, проблематична: Што треба да јадете според типот на кожата?

Убавата кожа на лицето е желба на речиси секој од нас, а во зачувувањето на нејзиното здравје, освен козметиката, голема улога има и изборот на храна. Нутриционистите

потврдуваат дека правилната исхрана е важен фактор за младешка и здрава кожа.

 

 

„Кога станува збор за состојбата на кожата, луѓето обично мислат дека е потребно да се третира само со производи за нега, но тоа не е така. Голем дел од она што го гледаме на кожата е всушност резултат на она што се случува одоздола. Храната е важен дел за здравјето на кожата“, изјави нутриционистката Лиза Московиц за Healthline.

Дерматологот Мајкл Грин се согласува со неа.

 

„Исхраната првенствено влијае на нивото на хормоните во организмот, а тие се оние кои регулираат многу природни процеси во организмот. Тоа значи дека целокупното здравје и изгледот на кожата се директно поврзани со флуктуацијата на хормоните, што се регулира токму со исхраната“, објаснува Грин, кој смета дека со конзумирање одредени намирници, но и со избегнување на некои други, можеме да направиме многу за зачувување на здравјето на кожата.

Сепак, најдобрата храна за вас ќе зависи од типот на вашата кожа, велат експертите. Оваа стратегија е слична на тоа како би избрале хидратантна крема која се разликува од онаа што ја има вашата пријателка со различен тип на кожа. Како по правило, тоа би значело дека најдобрата диета за сува кожа нема да одговара на оние со мрсна кожа и обратно.

Сува и чувствителна кожа

Ако вашата кожа е сува, потребна ѝ е хидратација. Московиц наведува дека треба да пиете најмалку два литра вода дневно или да јадете многу овошје. Вклучете спанаќ, брокула и слатки компири во вашата секојдневна исхрана. Масните киселини исто така можат да и помогнат на вашата кожа и се наоѓаат во авокадото, маслиновото масло и лососот.

Но, има и намирници кои треба да ги избегнувате или барем да ги минимизирате. Тоа, советува нутриционистот, се сите намирници и пијалоци кои ја сушат кожата - најмногу кофеинот и алкохолот.

Мрсна кожа

Московиц вели дека многу луѓе можеби мислат дека треба да ја исклучат целата масна храна од нивната исхрана, но тоа не е секогаш најдобриот начин да се оди бидејќи антиинфламаторните масла можат да помогнат. Ги има во авокадото, маслинките, рибата и ленените семиња. Сепак, тој советува да се намали внесувањето на мрсна храна која е преработена, како што е пржениот компир, а треба да се внимава и на внесот на шеќер.

Прекумерното производство на себум, кое ќе ги затне порите, може да се спречи ако јадете повеќе риба и цели зрна и избегнувате црвено месо. Шеќерот заменете го со природниот шеќер кој се наоѓа во овошјето“, советува нутриционистот.

Проблематична кожа склона кон акни

Во овој случај се работи за лачење на масти, воспаленија и бактерии, а Московиц советува дека треба да го намалите внесот на млечни производи, мрсна храна, но и шеќер, бидејќи токму таквата храна влијае на работата на хормоните и лачењето на вишокот масти. Наместо тоа, треба да вклучите пробиотици во вашата исхрана.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Живот

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

8 совети за родителство што злато вредат

Read more

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе