Tестирано револуционерно офсајд правило, постигнати 10% повеќе голови

Новото правило за офсајд што ФИФА го тестираше во изминатиот период влијаеше на зголемување на бројот на голови за речиси 10 проценти.

Пред неколку месеци, шефот за развој на фудбалот на ФИФА, Арсен Венгер, предложи тестирање на потенцијално ново правило за офсајд, што и беше направено во италијанската младинска лига во текот на април и мај.

Правилото е дека напаѓачот нема да биде во офсајд сѐ додека кој било дел од неговото тело со кој може да игра со топката е во линија со одбранбениот играч на противничката екипа од одбраната.

Според тоа правило, играчот би бил во офсајд само доколку има визуелно одвоен простор меѓу него и дефанзивецот.

Но, правилото е и малку контроверзно и тешко веројатно дека ќе биде усвоено. Имено, според ова правило офсајдот на Кристијано Роналдо против Вотфорд нема да биде офсајд. Фудбалските љубители не се задоволни од такво правило бидејќи сепак преочигледно е дека Роналдо беше во офсајд.

Според првите резултати, во италијанската Примавера (натпреварување за играчи под 18 години) има зголемување од 9,8% на голови по натпревар.

Во првите 23 кола, според вообичаените правила за офсајд, на 177 натпревари беа постигнати 632 гола (3,57 гола по натпревар), а со новите правила беа забележани 247 гола на 63 натпревари (3,92 гола по натпревар).

Во просек на секои три натпревари се забележуваше по еден гол повеќе од претходно, па на напаѓачите им се допадна ова ново правило, додека дефанзивците не го делат истото мислење.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе