Стил

Топ 5 најскапи парфеми на светот

9. јануари 2017 - 11:54 | Кајгана

Само одбрани купувачи можат да уживаат во благодедите на најпрефинетите парфеми, чии состојки се тајна, со обзир дека најскапиот парфем на светот чини неверојатни 215.000 долари.

Исто како песните, сликите и музичките дела, така и парфемите можат да пренесат замисла, фантазии и желби. Освен мирисот, најскапите примероци ги задоволуваат и другите сетила, а шишињата се прецизно изработени од најскапите кристали и злато, за да ја оправдаат цената.

Британската парфемска куќа Clive Christian произведува три парфеми - 1872, Х и No1, сите три во маѓка и женска верзија. Ова се најлуксузните парфеми на светот, а No.1 е најскап - 30 милилитри чинат 215.000 долари. 

„Кога го создававме, сакавме да направиме парфем над парфемите. Според мислењето на многумина, тоа ни успеа. Мирисот го чинат состојки кои се подготвуваат во различни делови од светот. Само една капка е доволна да мирисате со часови, ако не и денови”, велат од Clive Christian.

Префинетоста низ бројки:

1.  Christian's No.1 - 215.000 долари

2. Hermes Perfume 24 Fabourg - 1.500 долари за 30 ml

3. Annick Goutal Perfume EAU D'hadrien - 1.500 долари за 100 ml

4. Henri Alméras's Joy Perfume for Jean Patou - 800 долари за 30 ml

5. Jar Perfumes The Bolt of Lightening - 765 долари за 30 ml

Коментирај