Трн в око на ЕУ: Автократот кој ја поддржува империјалистичка Русија и сака Голема Унгарија

Откако Британија излезе од Европската Унија, многумина стравуваа дека другите земји би можеле да го следат британскиот пример и на крајот да го уништат концептот на обединет блок.

 

Се чини дека оваа постапка имаше спротивен ефект, ублажувајќи го евроскептицизмот ширум континентот.

За Унгарија, напуштањето на ЕУ може да биде единствениот одговор на нејзините длабоки и непомирливи разлики со Брисел. Оваа земја и остатокот од ЕУ во моментов се на спротивни страни на најважното геополитичко прашање на нашето време, војната на Русија против Украина.

Иако Германија и другите традиционално колебливи членки сега тргнаа во насока на нафтено ембарго против Русија, Унгарија продолжува да ја одложува одлуката, користејќи запаливи аргументи.

„Оние што имаат море и пристаништа можат да носат нафта со танкери. Да не ни го одземеа, ќе имавме пристаниште“, изјави неодамна Орбан, мислејќи на хрватскиот брег.

Се разбира, ова не е првпат Унгарија да биде во конфликт со остатокот од ЕУ. Од владеењето на правото до политиката за азил и односите со Кина, Орбан се навикна да му пркоси на европскиот консензус. Но, овој пат е поинаку.

За почеток, тука е големината на проблемот. Војната на Русија против Украина не е само уште едно прашање кое предизвикува поделби. Ова го нарушува најосновниот принцип на европскиот политички поредок, дека националните граници не можат да се менуваат со сила и дека, без разлика на нивната големина, нациите немаат моќ да стават вето на надворешнополитичките избори на нивните соседи.

Инвазијата директно ја загрозува и безбедноста на Европа. Ако рускиот претседател Владимир Путин успее да ја претвори Украина во пропадната држава, или некаква „народна република“, источното крило на НАТО, од Полска до Романија, би станало многу поранливо и поскапо за одбрана.

Унгарија овојпат е навистина сама. Да, некои други земји-членки исто така се спротивставија на забраната за нафта, но тие не беа толку категорични како Унгарија. Орбан дури покажа дека е подготвен да ги жртвува односите со своите долгогодишни сојузници во Варшава поради унгарско-руското партнерство.

Како што сугерира острата забелешка на унгарскиот моќник за далматинските пристаништа, руската империјална освојувачка војна одекнува меѓу оние кои сè уште копнежливо гледаат на мапа на потенцијална Голема Унгарија.

URL

Дополнително, по изборите во април, има мали шанси за некаква промена во унгарската политика во блиска иднина. ЕУ едноставно мора да се справи со Унгарија на Орбан каква што постои, а не да живее во илузија дека тоа е привремена ситуација во последните 12 години. По повеќе од една деценија на власт, владеењето на Орбан е цврсто вкоренето, а опозицијата е слаба и деморализирана.

Откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен не успеа да го убеди Орбан да се приклучи на европското ембарго за увоз на руска нафта, со него разговараше и францускиот претседател Емануел Макрон.

На изјавите на Орбан вчера реагираше и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска, а министерството го покани на разговор унгарскиот амбасадор.

„Хрватска ја осудува изјавата на унгарскиот премиер Орбан. Ние, исто така, ги осудуваме сите територијални претензии кон други суверени држави. Објаснување на таквите изјави кои непотребно ги поткопуваат нашите добрососедски односи“, се вели во соопштението.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе