Турција ги потврди нападите во Алепо, САД бараат прекин

САД ја повикаа Турција да прекине со артилериските гранатирања врз силите на сириските Курди и на сириската армија во северниот дел од Сирија, откако Анкара потврди дека ги гаѓала позициите на курдските сили, а потоа извела нови гранатирања врз другата сириска северна покраина Латакија.

„Ги повикавме сириските Курди и другите сили поврзани со PYD (Курдската партија на демократското единство) да не го искористуваат метежот за да дојдат до нови територии. Покрај тоа ги видовме информациите за артилерискиот оган од турската страна на границата и ја повикавме Турција да го прекине огнот“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

„Вознемирени сме од ситуацијата на север од Алепо и работиме на тоа за да се намали напнатоста од сите страни“, изјавил Кирби.

Турција изведе два одвоени артилериски напади врз сириска територија. Во првиот напад беа гаѓани позициите на Единиците за одбрана на народот (YPG) кои во северната покраина Алепо, десетина километри од турската граница ја заземаа пред два дена од сунитските бунтовници воздухопловната база Минех и контролираат важни правци кои го оневозможуваат снабдувањето со оружје и луѓе бунтовниците кои ги поддржува Турција.

Во вториот напад, турската артилерија ги гаѓала позициите на сириската владина армија во покраината Латакија.

Не се објавени никакви поединости за видот на турските гранатирања, а се претпоставува дека станува збор за оган од јуришни тенкови.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги потврдил нападите врз PYD, но не сакал да зборува за детали. Алудирајќи на курдските сили, тој PYD ги нарекол „терористичка група поврзана со сирискиот режим кој учествува во руските воздушни удари врз цивили“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе