СПРЕЧЕН ИНЦИДЕНТ ПЛАНИРАН ЗА НАТПРЕВАРОТ КОСОВО-ЧЕШКА

Уапсени Чеси кои планирале да летаат дрон со парола „Косово е Србија“

Косовската полиција синоќа приведе осуммина чешки државјани, осомничени дека планирале да предизвикаат инцидент на денешниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Косово и Чешка, кој се одвива во рамки на квалификациите за европското првенство во фудбал 2020 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Официјални извори од косовската полиција информираа дека кај шест машки и две женски лица дојдени од Чешка, од полицијата во градот Урошевац биле откриени еден дрон, знамиња на Република Србија и транспаренти со српски симболи и пораки против косовската држава, односно со написи на српски јазик „Нема предавање“ и „Косово е српско“. Освен овие материјали, кај приведените, од кои еден има и српско државјанство, пронајдени се и конфискувани и една камера и два апарати за радиоврски.

Според приштинските медиуми, оценка на надлежните косовски служби е дека приведените навивачи од Чешка планирале во текот на денешниот фудбалски натпревар со дрон да ги истакнат српските знамиња и антикосовските транспаренти, со што би испровоцирале „ситуација која би можела да предизвика сериозни проблеми“ на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

Мајорот на косовската полиција, Мехметали Хајдини за порталот Koha.net изјави дека чешките државјани синоќа се задржани на распит во полицијата во Урошевац.

Натпреварот меѓу Косово И Чешка, во рамките на групата А од квалификациите за „Еуро 2020“ ќе се одигра денеска со почеток во 15 часот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе