Израелската моделка Бар Рафаели пред два месеци стана мајка, а сега објави фотографии кои ја покажуваат без шминка.
Оваа убавица зад себе има соработки со многу врвни клиенти и брендови, а вели дека кога не работи, постојано е без шминка. За ноќните излегувања користи само малку руменило и маскара бидејќи не сака да компликува кога е во прашање шминката.