УФЦ потпиша со една од најголемите женски ММА ѕвезди

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, ја објави веста која љубителите на ММА спортот ја чекаат со години - една од најголемите женски ММА ѕвезди, Кајла Харисон, потпиша договор и веднаш ќе дебитира на најголемиот настан во 2024 година - УФЦ 300 на 13 април во Лас Вегас.

Харисон (33) е двократна последователна олимписка шампионка во џудо од 2012 и 2016 година, по што влезе во ММА спортот во 2018 година и забележа 16 победи и 1 пораз во ПФЛ, а двапати го освои нивниот турнир и награди од милиони долари.

Таа ќе се бори со Холи Холм (42), поранешната шампионка на УФЦ во бантам категорија, на настанот УФЦ 300 во Лас Вегас.

Холм има скор од 15-6 во ММА, а се бореше против најголемите имиња. Дефинитивно борбата што ја одбележа нејзината кариера беше победата во 2015 година со нокаут по 56 секунди против Ронда Русеј на која ѝ го нанесе првиот пораз во кариерата.

URL

И додека Харисон е веројатно најдобриот граплер на светот, Холм без сомнение е најдобра во удари, што не треба да изненадува бидејќи во својата боксерска кариера има 33 победи од 38 меча.

Покрај Харисон и Холм, публиката ќе ужива и во бројни врвни борби на настанот УФЦ 300, а досега ги потврдија борбите за титулата меѓу Џанг Веили и Јан Сјаонан и Џастин Гејџи и Макс Холовеј, додека ќе гледаме и спектакли во форма на борби помеѓу Чарлс Оливеира и Арман Чаруџан, Јиржи Прочаска и Александар Ракиќ и Калвин Катар и Алјамен Стерлинг.

Сепак, навивачите на ММА очекуваат на настанот да се најде и борба меѓу Конор Мекгрегор и Мајкл Чендлер.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе